
Турскиот фудбалски гигант Трабзонспор сериозно се вклучи во трката за потписот на Роџерс Мато репрезентативецот на Уганда и еден од најдобрите играчи во Првата македонска фудбалска лига и актуелен адут на Вардар. Како што пренесуваат медиумите во Турција, клупските скаути доставиле извонредно позитивен извештај за крилниот офанзивец, а зелено светло за трансферот дал и тренерот Фатих Теке, кој во Мато гледа значајно засилување за нападот.
Во исто време, раководството на Вардар веќе одби конкретна понуда од 350.000 евра од шкотскиот Хартс, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да отстапи од договорената откупна клаузула. Според клубот, цената на Мато е фиксирана на 1,5 милиони евра и таа сума е единствениот пат до негова преселба во странство.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Турските извори најавуваат дека Трабзонспор е подготвен да ги прифати финансиските услови.
Доколку трансферот биде реализиран, Роџерс Мато ќе испише историја и ќе стане најскапо продадениот фудбалер од македонското првенство.