Дома Фудбал Тухел во репрезентацијата на Англија повика фудбалер кој има десет настапи во Премиер лигата

Тухел во репрезентацијата на Англија повика фудбалер кој има десет настапи во Премиер лигата

Дваесетгодишниот фудбалер на Манчестер Сити, Нико О’Рајли, го доби својот прв повик во сениорскиот состав на Англија, откако Рис Џејмс од Челси мораше да се откаже поради уште една повреда.

О’Рајли е избран како замена за искусниот бек и ќе биде дел од тимот за претстојните натпревари на репрезентацијата против Велс и Латвија во октомвриската репрезентативна пауза.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Младиот дефанзивец на Граѓаните, кој исто така може да игра и во средниот ред, веќе ја оправда довербата на Пеп Гвардиола со десет настапи во Премиер лигата и вкупно девет во сите натпреварувања оваа сезона. Неговите добри игри очигледно го привлекоа вниманието на селекторот на Гордиот Албион, Томас Тухел, кој му даде шанса меѓу најдобрите.

О’Рајли со години го носи дресот на младинските селекции на Англија, од У15 до У20, а неодамна потпиша нов договор со Сити кој го обврзува до 2030 година.

Додека О’Рајли остварува напредок, Рис Џејмс продолжува да се соочува со повредите кои му ја попречуваат кариерата од 2019 година. По саботната победа на Челси против Ливерпул (2:1), Џејмс сподели фотографија од исекотини на ногата, но се верува дека тоа не е причината за неговото повлекување од репрезентативните обврски.

Како што објавија англиските медиуми подоцна, Џејмс за време на натпреварот добил нова повреда иако ги одиграл сите 90 минути. Точниот проблем уште не е познат, но дополнително загрижува фактот што ова е веќе 23. повреда во неговата професионална кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алексис ја разбесни публиката на Барса бидејќи го прослави голот против нив, па објасни зошто го направи тоа (Видео)

Алексис Санчез се најде на мета на навивачите на Барселона бидејќи го прослави голот на вч…