
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, го објави списокот на играчи за мечот од квалификациите за Светското првенство 2026 против Андора, што се игра во групата К каде настапува и Македонија.
Од екипата на Манчестер Сити нема двајца играчи: Фил Фоуден, кој веќе се пожали на напорниот распоред и доби одмор од Тухел, како и Џек Грилиш.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Го нема ниту Маркус Рашфорд поради здравствени проблеми. На списокот не се ни Марк Геји, Бен Вајт, Доминик Соланке, Џарел Кванса, Тино Ливраменто и Арон Ремсдејл, кои беа вклучени во претходниот избор.
Дебитантски повик доби Трево Чалоба, а на списокот се враќа и Ајван Тони, кој претходно беше суспендиран поради обложување.
Список:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Џејмс Трафорд;
Одбрана: Трент Александер-Арнолд, Дан Бурн, Трево Чалоба, Леви Колвил, Рис Џејмс, Езри Конса, Мајлс Луис-Скели, Кајл Вокер;
Среден ред: Џуд Белингем, Конор Галагер, Морган Гибс-Вајт, Џордан Хендерсон, Куртис Џонс, Кол Палмер, Деклан Рајс, Морган Роджерс;
Напад: Ебереќи Езе, Антони Гордон, Хари Кејн, Нони Мадуеке, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија ќе се соочи со Андора во Барселона на 7 јуни. Во септември, Англија ги продолжува квалификациите со домашен натпревар против Андора, а потоа ќе гостува во Македонија.
Фото: Bayern Munich/X