Дома Фудбал Три клуба го чекаат расплетот со ситуцијата на Рашфорд

Три клуба го чекаат расплетот со ситуцијата на Рашфорд

Маркус Рашфорд одамна не е на оној високo нивo што се очекува да биде.

Еден од долгогодишните членови во тимот на Рубен Аморим ја загрижува управата на клубот и сегашниот тренер, многумина се загрижени за неговото однесување надвор од фудбалот, медиумите истакнуваат дека води нездрав живот и има бурни ноќни авантури.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Поради тоа вести од Манчестер се очекуваат на Блискиот Исток.

Три клуба се заинтересирани за доведување на овој фудбалер.

Првиот е Ал-Ахли, клуб во кој игра Роберто Фирмино, вториот Ал Кадисија, а третиот Ал Итихад.

Доколку Ал-Ахли биде решен да го донесе, ќе мора да продаде една од најголемите ѕвезди поради регулативите на саудиското првенство.

Рашфорд прима 325 илјади фунти неделно и сигурни сме дека во ваква форма и под вакви услови не го сака ниту еден европски клуб, додека саудиските едвај чекаат ваква шанса…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо со кратка порака ги „запали“ Португалци по победата над Германија

Португалија ја победи Германија со 2:1 во првото полуфинале на Лига нации, а човекот на од…