Дома Фудбал Три ипол милиони луѓе следеа еден лет – во него беше овој човек!

Три ипол милиони луѓе следеа еден лет – во него беше овој човек!

Изгледа неверојатно, но близу три и половина милиони луѓе го следеа еден лет кон Истанбул. Во него беше Виктор Осимен, фудбалер на Галатасарај кој потпишал договор со овој тим.

Осимен минатата сезона играше за тимот од турската престолнина како позајмен фудбалер од актуелниот шампион на Серија А и на 41 натпревар постигна 37 голови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Не беше јасно што ќе се случи по истекот на позајмицата. Информацијата дека Осимен има лоши односи со луѓето од Наполи беше позната на јавноста, но враќањето во Галатасарај беше се, само не извесно.

Кога стана познато дека Нигериецот повторно ќе се врати во овој тим, настана атмосфера на општо лудило, а колку се навивачите воодушевени најдобро покажува податокот дека околу 3,5 милиони луѓе го гледаа преносот во живо на клубскиот „Јутјуб“ канал кој го следеше летот со кој Осимен патуваше кон Истанбул.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија…