
Арне Слот и Ливерпул испаднаа од Лигата на шампионите од ПСЖ уште во осминафиналето, но тренерот на Црвените не жали. Ливерпул победи во првиот натпревар во Париз со 1:0, а на реваншот на Анфилд ПСЖ славеше со голот на Осман Дембеле во 12. минута. Тој резултат остана и по дополнителното време, па кој клуб ќе продолжи во четвртфиналето беше решено на пенали.
На пеналите блесна Џанлуиџи Донарума. Голманот на ПСЖ одбрани пенали на Дарвин Нуњез и Куртис Џонс, по што Дезире Ду заби за 4:1, победа и пласман на гостите.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
“Ова е најдобриот фудбалски натпревар во кој сум учествувал”, изјави по натпреварот Слот, зад кој има преку 700 натпревари како играч и тренер.
Менаџерот на Ливерпул додаде: “Ова беше нашата неверојатна партија, особено ако ја споредите со првата против ПСЖ. Игравме совршен натпревар, ни фалеше само гол. Беше слично како и минатата недела, кога ПСЖ одигра совршено, но не успеа да забие.”
На Ливерпул по испаѓањето од Лигата на шампионите му останува борбата за англиската двојна круна. Титулата шампион веќе е речиси осигурана бидејќи на врвот бега од Арсенал со дури 15 бодови предност. Во недела на Вембли игра во финалето на Лига купот против Њукасл.