Дома Фудбал Тренер крена глас и му одржа лекција на Мбапе: Нè исмејуваше!

Тренер крена глас и му одржа лекција на Мбапе: Нè исмејуваше!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше мета на остри критики во последно време, а во еден момент делуваше дека светот му се руши.

Французинот имаше одредени падови откако пристигна во Реал Мадрид, а не доаѓаше ни на подготовките на француската репрезентација, додека во Шведска беше обвинет за сексуален напад, но истрагата беше прекината поради недостаток на докази.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Во секој случај, однесувањето на напаѓачот не беше најдобро, а во Франција го критикуваа жестоко за сето тоа. Сепак, Мбапе повторно заблеска, имаше неколку одлични настапи за Реал Мадрид и повторно е „тој стариот“.

Според зборовите на Паскал Дупраз, напаѓачот беше „на дното“ не само во фудбалска смисла, туку и во начинот на комуникација со медиумите и навивачите.

„Беше пречекан во Реал Мадрид како ретко кој играч во светот. Веќе не беше само фудбалски човек. Беше ирационален во однесувањето, но и во начините на изразување и комуникација. Се почувствува речиси како фудбалски бог“, рече поранешниот тренер на Тулуз и Сент Етјен во интервју за РМЦ Спорт.

Дупраз понатаму призна дека однесувањето на Мбапе, меѓу другото, напуштањето на тренинг кампот на француската репрезентација, беше едноставно непрофесионално.

„Не беше во ред. Нè исмејуваше. Вистински, нè исмејуваше и се однесуваше надмено“, додаде овој експерт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По тешката сообраќајна несреќа излезе од болница, но неговата кариера е доведена во прашање

Напаѓачот на Вест Хем Мајкл Антонио денес конечно беше пуштен дома. Како што е познато, Ан…