Бразилскиот фудбалер Антони (24) оваа сезона забележа 13 настапи (401 минута) и постигна еден гол за Манчестер Јунајтед. Бразилецот во летото 2022 година дојде од Ајакс за 95 милиони евра, станувајќи вториот најскап фудбалер во историјата на клубот по Пол Погба, кој чинеше десет милиони евра повеќе.
Сепак, тој не ги оправда очекувањата. Со заминувањето на тренерот Ерик Тен Хаг, кој го водеше и во Ајакс и доаѓањето на Рубен Аморим, бразилскиот фудбалер можеби ќе го напушти клубот. „АБЦ де Севиља“ пишува дека Бетис сака да го ангажира на позајмица. Клубовите на крајот од декември започнаа преговори, Бетис ја испрати првата понуда, а Јунајтед одговори што бараат.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Шпанскиот клуб со новата понуда дојде многу поблиску до дoнесувањето на Антони. Тренерот Мануел Пелегрини го сака колку што е можно побрзо во соблекувалната за да продолжи борбата во Ла Лига за позиции кои водат во европските натпреварувања. Бетис е десетти со 25 бодови, пет помалку од Мајорка, чија позиција обезбедува квалификации за Конференциската лига.