Дома Актуелно Treasure hunt – Skopje: Пронајдени многу награди, 100, 200 евра, но 500 евра сеуште се во игра

Treasure hunt – Skopje: Пронајдени многу награди, 100, 200 евра, но 500 евра сеуште се во игра

Treasure Hunt Skopje

Treasure Hunt – Skopje, влегува во последните 10 дена, а по се изгледа дека како се ближи крајот, така станува се поинтересно и пожешко!

Од почетокот на месец Јули, кога беше и официјалниот старт на Treasure Hunt, па се до сега,  според организаторот – YouTube каналот BMG Network – доделени се повеќе од 25 награди, меѓу кои и наградите од 100 евра и 200 евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата недела беше пронајден првиот паричен ваучер од 100 евра, а изминатиот викенд од ваучерот од 200 ЕВРА! Остануваат во игра уште три ваучери кои носат парични добивки: 100 евра, 300 евра и 500 евра!

На BMG Network излезе видео од добитникот (Миша Сич) на ваучерот од 200 евра, кој впрочем има пронајдено уште неколку ваучери и награди.

“Која е неговата тајна? Не следи постојано, има притисннато Subscribe, има кликнато на звончето и добива известувања за сите нови видеа (хинтови). Имаме двајца играчи кои имаат најдено по неколку ваучери и тие веќе знаат отприлика како ги криеме ваучерите и им е полесно да ги решаваат загатките. Секако, најголема предност има тој што прв ќе го види видеото, прв ќе ја реши загатката и прв ќе отиде на локацијата каде е скриен ваучерот. Кажавме и во видеото, па еве и тука: Миша со среќа да ги трошиш парите и да почастиш нешто!” велат од YouTube каналот BMG Network.

Само да потсетиме, BMG Network обезбеди повеќе од 50 ваучери, 50 награди – ваучери од 100 евра, 200 евра, 300 евра, 500 евра. И нормално многу други награди: маици, дуксери, power bank, water bottle, чадори! Има за сите по нешто, и лесно е! ТЏ, Лепа и Баскиецот кријат, ви даваат помош во вид на хинтови, загатки, асоцијации и ваше е само да ги пронајдете ваучерите и да ги скенирате.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…