Дома Фудбал Нејмар по второто деби за Сантос: Не можам да опишам како се чувствувам!

Нејмар по второто деби за Сантос: Не можам да опишам како се чувствувам!

Враќањето на Нејмар во Сантос, клубот каде што ги направи првите професионални чекори пред да замине во Европа, беше исполнето со емоции како што се очекуваше.

Тоа беше истовремено неговиот 33-ти роденден, но рекордерот по бројот на дадени голови за бразилската репрезентација не успеа да ја затресе мрежата против Ботафого Рибеирао Прето во натпреварот од седмото коло на Лигата Сао Паоло кој заврши со резултат 1:1.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Го сакам Сантос! Нема зборови со кои би ги опишал чувствата кога повторно зачекорив на овој терен. Ми требаат минути, натпревари… Не сум на 100 проценти. Не очекував дека сега толку ќе трчам и дриблaм. Мислам дека ќе се чувствувам подобро за четири или пет натпревари“, вели Нејмар, кој во неколку наврати се обиде да постигне гол со удари однадвор од казнениот простор.

Првиот мандат на Нејмар во клубот кој го прослави легендарниот Пеле траеше од 2009 до 2013 година кога замина во Барселона.

Со Аргентинецот Лионел Меси и Уругваецот Луис Суарез ја создаде славната јужноамериканска напаѓачка тројка на каталонскиот тим.

Потоа следеше добро познатиот трансфер во Пари Сен Жермен во 2017 година за 222 милиони евра, најскапиот во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати детали: Легендарниот Рикардињо во Србија добива најголем договор, стан и автомобил!

Португалскиот футсалер Рикардињо скоро сигурно ќе потпише за Смедерево, пренесуваат српски…