Дома Фудбал Трансферот на Ен-Несири во Јувентус падна, објави Киелини

Трансферот на Ен-Несири во Јувентус падна, објави Киелини

Јувентус нема да го привлече напаѓачот на Фенербахче Јусеф Ен-Несири и покрај договорот помеѓу двата клуба. Тоа го потврди директорот на „Старата дама“ Џорџо Киелини, кој призна дека мароканскиот репрезентативец одбил да се приклучи кон торинскиот клуб.

„Ситуацијата е доста јасна. Ние отидовме да разговараме со играчот, кој изрази некои сомнежи околу формулата на трансферот, па за нас во моментот преговорите се завршени. Ние ниту можеме, ниту сакаме да го купиме веднаш. Ќе видиме во наредните денови дали ќе има некакво развивање или други можности, но за нас се е завршено“, коментира Киелини за „Скај Спорт Италија“ пред домаќинството на Наполи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според информациите во Италија, Јувентус и Фенербахче се договориле за позајмување во вредност од 4 милиони евра и опција за откуп во износ од уште 19 милиони. Ен-Несири, сепак, инсистирал да има гаранции за негов постојан трансфер, но не ги добил, поради што го одбил предлогот на „бјанконерите“.

Џанлука Ди Марцио и шпанските медиуми посочуваат уште една причина за незаинтересираноста на 28-годишниот играч да премине во италијанскиот клуб. Станува збор за неговиот поранешен клуб Севиља, кој сака да го земе на позајмица до крајот на сезоната. Оттаму сè уште не испратиле понуда до истанбулскиот клуб, но на сметка на тоа можат да сметаат на согласноста на напаѓачот да се врати на „Рамон Санчес Писхуан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез донесе одлука што ќе го „замрзне“ Мадрид – навивачите на Реал не се најсреќни

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да направи одредени промени во т…