Дома Фудбал Трајковски херој во Астана, Македонија се искачи на врвот во групата! (Видео)

Трајковски херој во Астана, Македонија се искачи на врвот во групата! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со позитивната серија и од гостувањето во Казахстан се враќа со вредна победа од 0-1.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски како фаворити влегоа во натпреварот во Астана, но домаќините покажаа дека нема лесно да се предадат. Натпреварот започна отворено, со шанси на двете страни. Прв се закани Езѓан Алиоски со удар од далечина, а веднаш потоа се обидоа и Елиф Елмас и Дарко Чурлинов, но без конкретен резултат. Казахстан првпат сериозно ја загрози македонската мрежа во 30. минута, кога Сомородов упати опасен удар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Три минути подоцна, следуваше моментот на одлука. Искусниот Александар Трајковски маестрално реагираше и со волеј удар ја затресе мрежата на домаќините, поставувајќи го конечниот резултат уште во првото полувреме.

Во вториот дел, Казахстан ја засили офанзивата. Сомородов ја погоди пречката, а во самиот финиш Садбаев ја затресе и стативата, но недостигаше реализација. Македонија успеа да ја задржи минималната предност и да ги освои трите златни бода.

По четири кола, „црвено-жолтите“ се на врвот на табелата со осум бодови каде што ќе останеме најмалку до вечерашниот натпревар на Белгија и Велс. Велс следи со седум, Казахстан има три, Белгија е на еден бод но со само еден одигран натпревар, додека Лихтенштајн е без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Затворска казна за родителот кој тепаше деца на мечот меѓу Брегалница и Шкупи во Штип

Основниот суд во Штип изрече казна затвор од 11 месеци за 43-годишниот А.А., кој физички н…