Дома Фудбал Трагедија во Италија: Двајца фудбалери загинаа во сообраќајка

Трагедија во Италија: Двајца фудбалери загинаа во сообраќајка

Двајца млади италијански фудбалери, Фабио Роса и Данило Боз (19), ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа која се случи во вторник навечер, околу 21:00, во тунелот Вал Колвера, на патот меѓу Фрисанко и Мањаго, во областа Порденоне. И двајцата настапуваа за клубот Мањаго Вајонт, а во моментот на несреќата се враќаа од летен тренинг одржан во Пофабро.

Со нив во автомобилот марка „Рено Твинго“ беше и трет пријател, врсник, кој го управуваше возилото. Тој е единствениот кој преживеал од нивното возило, но се наоѓа во болница во тешка состојба. Автомобилот на младите фудбалери се судрил фронтално со „Фолксваген Тигуан“ управуван од 72-годишна жена од Чопола. Од силниот удар, малиот автомобил се одбил од ѕидот на тунелот и целосно здробен останал на коловозот. Жената од другото возило добила повреди и е пренесена во болница во Порденоне, додека тешко повредениот младич со хеликоптер е итно транспортиран во болница во Удине.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Несреќата се случила во зона со слаб мобилен сигнал, па повикот до итните служби не можел веднаш да биде упатен. Спасувачката акција ја покренал возач кој се нашол на местото на трагедијата. На теренот веднаш пристигнале карабинерите од Мањаго и Спилимберго, пожарникари, медицински екипи со возила за итна помош и хеликоптер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанците најавуваат сензација: Ќе го видиме ли најголемото враќање во Милан?!

Италијанскиот фудбал може да биде сведок на вистинска сензација. Андријано Галијани, леген…