Дома Останати Ракомет Трагедија го погоди македонскиот ракомет: Почина Илија Темелковски

Трагедија го погоди македонскиот ракомет: Почина Илија Темелковски

Македонската ракометна и спортска јавност денес тагува по веста за смртта на Илија Темелковски, човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот. Со својата посветеност, љубов и професионалност, Темелковски остави длабока трага во развојот и унапредувањето на овој спорт во земјава.

Ракометната федерација на Македонија со жалење ја потврди веста и упати искрено и длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа. „Ракометната и спортската јавност денес изгубија вреден спортски работник“, стои во пораката на Федерацијата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Погребот ќе се одржи утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел (капела).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ ги избра ракометарите со кои Вардар сака да му се одмазди на Кристијанштад (Фото)

Вардар вечерва од 18.45 часот ќе го пречека Кристијанштад во рамките на четвртото коло од …