Дома Фудбал Tрагедија во Колумбија: На забава почина поранешен репрезентативец кој играше и на Светско првенство

Tрагедија во Колумбија: На забава почина поранешен репрезентативец кој играше и на Светско првенство

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Колумбија, Хорхе Болано, почина на 47-годишна возраст, јавуваат колумбиските медиуми. Тој бил на една забава во Кукута, каде што му се слошило. Починал од срцев удар. Од него се прости и фудбалската федерација на Колумбија.

Болано е најпознат по настапите за репрезентацијата на Колумбија, со која учествуваше на Светското првенство во 1998 година во Франција. Настапи на 34 натпревари и постигнал еден гол за својата земја. Десет години мина во италијанската лига, играјќи за Парма, Сампдорија, Лече и Модена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со Парма во 2002 година го освои Купот на Италија. По завршувањето на играчката кариера, стана тренер. Беше помошник на Хуан Карлос Рамирез во У-17 репрезентацијата на Колумбија. Исто така беше спортски коментатор на локалните телевизии.

. Фото: Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…