Шпанскиот дефанзивец, Серхио Регулион пронајде нов ангажман и му се приклучи на Брентфорд како позајмен фудбалер.
Позајмицата од Тотенхем ја потврдија двата клуба, а договорот нема да вклучи откуп на крајот од сезоната на 27-годишниот дефанзивец. Тоа значи дека фудбалерот кон крајот на мај ќе се врати во Тотенхем, ако во меѓувреме нема промена во договорот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Во првата половина од оваа сезона Регулион го носеше дресот на Манчестер Јунајтед исто така на позајмица. Шпанецот во Јунајтед не се пронајде, па затоа и договрот помеѓу двете страни беше предвремено раскинат.
Договорот кој го има Регулион со Тотенхем е со важност до 2025 година.