Фернандо Торес се врати во редовите на Атлетико Мадрид каде што ќе ја има улогатта на тренер на тимот до 19 години.
Откако ја заврши кариерата Торес минатата година започна курс за тренер кој успешно го заврши, а сега ќе почне од матичните категории на неговиот матичен клуб. Торес првпат во Атлетико дојде во 1995 година, а во 2001 како тинејџер дебитираше во првиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 2007 година направи трансфер во Ливерпул, потоа го носеше дресот на Челзи, Милан, а за да се врати во Атлетико во 2015 и да остане до 2018. Кариерата популарниот „Ел Нињо“ ја заврши во 2019 година во јапонскиот Саган Тосу.