
Тотенхем официјално ја потврди трансакцијата на Конор Галагер од Атлетико Мадрид. „Спарс“ ќе платат за англискиот играч за врска 34 милиони фунти, а од клубот објавија дека потпишал долгорочен договор. Според „Скај спорт“, договорот е со времетраење од пет и пол години.
Астон Вила исто така ја разгледуваше можноста да го ангажира Галагер на позајмица со опција за откуп, но самиот играч го одбра Тотенхем. „Спарс“ се активираа откако стана јасно дека Родриго Бентанкур ќе ги пропушти поголемиот дел од преостанатите натпревари до крајот на сезоната.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Толку сум среќен и возбуден што сум тука, да го направам следниот чекор во мојата кариера во еден неверојатен клуб. Сакав да бидам играч на Тотенхем и за среќа клубот го почувствува истото. Беше многу лесно, се случи многу брзо и сум готов да излезам на терен.
Знам колку се одлични навивачите, навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна тука и сакам да создадеме посебни моменти и спомени заедно“, изјави 25-годишниот Галахер пред вебсајтот на Тотенхем.