Спектакуларен натпревар на „Олимпико“ полн со возбудувања и голови на двете страни. Мане го доведе Ливерпул во водство уште во 9-та минута, но само неколку минути подоцна Рома среќно го израмни резултатот. Ел Шарави го бараше Џеко во шеснаесетникот, но топката после еден карамбол од Милнер заврши во голот на „црвените“.

