Реал Мадрид во вчерашниот реванш натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите одигра 2:2 против Баерн што му беше доволно да го обезбеди третото финале во низа во Лигата на шампионите.
Далеку од тоа дека Баерн не беше добар во двата натпревари, напротив беше и подобар противник, но двете грешки во одбраната (по една на двата натпревари) скапо ги платија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јуп Хејкнес очекувано беше разочаран, а новинарите го запрашаа што мисли за тоа како главниот судијата на натпреварот Чунејт Чакир ја одработил својата работа.
„Кога ќе ги погледнам снимките очигледно е дека тоа е пенал, но не сакам да зборувам за тоа бидејќи ние им поклонивме два погодоци. Гледајќи ги двата натпревари, заслуживме да играме во финале“, изјави Хејнкес за кого ова беше последен натпревар во Лигата на шампионите.
При заминување камерите на „Ас“ успеаа да го уловат Хејнкес во автобус и по изразот на неговото лице можеше да се забележи дека беше вознемирен, нервозен, разочаран…Неколку пати се фаќаше за глава, а изразот на неговото лице доволно зборува во каква состојба се наоѓаше.