Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Милан ова лето е ѕвездата на Челзи, Хаким Зијех. Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не успеа да го покаже својот квалитет, а новиот тренер Томас Тухел не смета сериозно на него. Таквата ситуација сакаат да ја искористи италијанскиот гигант Милан, кој во Зијех гледа идеален наследник за Чалханоглу. …
