Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски нема да премине во Саудиска Арабија во редовите на Ал Ахли поради превисоките барања.
Трансферот изгледаше како скоро договорен, се најавуваше дека преостануваат само формалности. Но, сега од клубот објавија дека преговорите пропаднале поради превисоките барања на Алиоски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Преговорите со Алиоски се прекинати, тој нема да стане наш фудбалер. Неговите финансиски барања беа превисоки“, објавија од Ал Ахли.
Претходно и Фатих Терим потврди дека Галатасарај се откажала од Алиоски
„Алиоски побара 7,5 милиони евра за три години, плус не се работи за класичен лев бек, па секако дека одбив да го ангажираме“, гласеше изјавата на Терим.