
Фудбалскиот тим на Сандерленд се врати минатата недела по осум години во Премиер лигата, а во претстојната сезона е можно да влезат предводени од некогашниот фудбалер на клубот Џордан Хендерсон, пренесуваат британските медиуми.
Иако искусниот англиски играч има договор со Ајакс на уште една година, разочарувачкиот завршеток на сезоната и губењето на титулата со поранешниот тренер Франческо Фариоли можеби ќе го наведат поранешниот капитен на Ливерпул на размислување.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Шпекулациите се засилија изминатиот викенд, кога Хендерсон беше присутен на натпреварот на Сандерленд против Шефилд на славниот „Вембли“.
Со оглед на тоа што е роден во Сандерленд и своиоте први фудбалски чекори ги направи и своето професионално деби го доживеа на „Стадионот на светлината“, јасно е дека љубовта на Хендерсон кон црвено-белите останува трајна.
Jordan Henderson is in attendance to watch his boyhood club Sunderland at the Playoff Final. pic.twitter.com/kQvVPYjlWI
— Anfield Edition | æ (@AnfieldEdition) May 24, 2025
Хендерсон неодамна изјави дека е задоволен во Ајакс, но прашање е со каков проект ќе влезе холандскиот гигант во следната сезона и дали ќе му дадат доволно силен предизвик за да ги одврати мислите за враќање во Сандерленд.
Клубот од северот на Англија ќе гради тим кој би бил способен да го задржи врвниот статус, а Хендерсон се смета како играч кој би можел значително да придонесе во поглед на искуство, афирмација и репутација на тимот.
Фото: Ajax/X