Кристијано Роналдо е најплатен фудбалер со парите што ги заработува во Саудиска Арабија, но во последно време на Португалецот не му оди во Ал Наср.
Неговиот тим е второпласиран со мали шанси да стигне до титулата во првенството, претходно беше елиминиран од Суперкупот, а вчера и од Купот на Саудиска Арабија, па како што стојат работите ќе одигра сезона без трофеј во оваа земја.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Можеби се очекуваше да доминира, но тоа не е случај засега. Роналдо наводно не е задоволен до тренерите и целиот клуб, па размислувал и за заминување.
Португалецот има 38 години, меѓутоа верува дека се уште може да игра во некој апосилна лига во Европа.
Како опција веднаш се споменува Спортинг, неговиот матичен клуб сакаше да го доведе и кога заминуваше од Јунајтед, тогаш не прифати, но сега наводно го променил мислењето.