Претседателот на ФИА и поранешен шеф на Формула 1 Жан Тод откри дека често го посетува Михаел Шумахер.
Легендарниот возач веќе седум години се опоравува од страшната несреќа на скијањето, а Тод како и останатите малкумина што имале близок контакт со Шумахер не откри детали.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Го посетувам Михаел најмалку два пати месечно. Не сакам да го оставам сам, многу поминавме заедно“, изјави Тод.
Неодамна е најавена документирен филм „Шумахер“ кој би требало да ги даде одговорите на прашањата и мистеријата околу страдањата на легендарниот германски возаач.
Филмот спортските фанови ширум светот со нетрпение го исчекуваат. Шумахер настрада на 29. декември 2013 година.