Дома Фудбал Tимот на поранешниот македонски репрезентативец исфрлен од Прва во четврта лига!

Tимот на поранешниот македонски репрезентативец исфрлен од Прва во четврта лига!

Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) денеска ги објави резултатите од лиценцирањето за настап во европските натпреварувања и домашните лиги за сезоната 2025/26, а најголемото изненадување доаѓа од Шибеник. Клубот за кој настапува македонскиот дефанзивец Леонард Жута не доби лиценца ниту за Првата, ниту за Втората и Третата хрватска лига, и следната сезона ќе се натпреварува дури во Четвртата лига.

Причината за ваквата одлука се финансиските проблеми на клубот – неисплатени обврски кон играчи и вработени, како и неуспешни преговори со доверителите. Жалбата на Шибеник беше одбиена, а според неофицијални извори, дел од фудбалерите во текот на целата сезона добиле само една или две плати.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Од друга страна, Вуковар доби лиценца за настап во елитната ХНЛ, откако во директен дуел ја совлада Опатија со 1-0 и избори промоција. Но, поради несоодветни услови на својот стадион во населбата Борово, тимот ќе ги игра домашните натпревари во Винковци.

Фото: NK Sibenik/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марота доби „зелено светло“ и тргна во напад: Интер ќе биде на „шпански погон“

Интер со сета сила тргна кон Сеск Фабрегас, а и Шпанецот е заинтересиран да се пресели на …