Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 03.02.2025)

Тикет на денот (понеделник, 03.02.2025)

Денешната понуда не е инспиративна како во претходните два дена, но тоа не значи дека не е интересна. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Мореиренсе – Брага – 2 @ 1.85 во Mozzart

Малку по малку Брага се доближи до Бенфика и Порто, а делува дека само тимот на Спортинг се издвои и создаде сериозна предност. Во моментов Брага е на 4-та позиција и во последните пет првенствени натпревари запиша четири победи и еден пораз, а исто така со минимален резултат победија и против Лацио во рамките на Лига Европа. Домаќините пак се во лоша форма и тоа се докажува со резултатите од последните пет натпревари каде што запишаа три реми и два порази. Ние овде oчекуваме Брага да ги земе трите бода и типуваме 2 со квота 1.85 во Mozzart.

Газиантеп – Галатасарај – ГГ3+ @ 1.80 во 22Bet

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Галатасарај има три бода повеќе од Фенербахче, но и еден натпревар помалку. Домаќините овој натпревар го дочекуваат на 12-то место, но евентуалниот триумф би ги одвел на 8-та позиција. Исто така сакаме да нагласиме беа во одлична серија и на натпревари немаа пораз, но во последниот дуел не го издржаа притисокот против Самсунспор. Гостите пак се со големи амбиции и веруваме дека на овој натпревар ќе дадат се од себе за да земат три бода, но дефинитивно тоа нема да биде лесно. Овде решивме да го избегнеме конечниот исход и типуваме ГГ3+ со квота 1.80 во 22Bet.

Миделсброу – Сандерленд – ГГ @ 1.70 во Bet365

Дерби натпреварот на колото во англискиот Чемпионшип се игра вечерва, а во тој дуел ќе се сретнат екипите на Миделсброу и Сандерленд. Домаќините се во мала криза и тие победија само еднаш на последните пет натпревари. Гостите пак играат константно добро и веруваме дека далеку ќе стигнат во оваа сезона, па ќе се потрудат да обезбедат и пласман во елитната Премиер лига. Овде имаме две екипи кои знаат да изиграат со голови, па сметаме дека ГГ е најлогичен тип, а коефициентот за тоа во Bet365 изнесува 1.70.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.66

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 11.07.2025)

После првото издание на квалификациите за Европа во новата сезона, денес ни претстои нешто…