
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), постапувајќи по пријава на Управниот одбор на ФФМ, донесе одлука за изрекување дисциплинска мерка забрана за вршење на функција во траење од две (2) години на Муамед Сејдини, делегат на Собранието на ФФМ, поради сторено дејствие „измама и доведување во заблуда орган на фудбалска организација“, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник.
Утврдено е дека Одборот за итност на ФФМ на 27.11.2024 година донел одлука за прифаќање на понуда од ДПТУ ЕНЕРГОИНВЕСТ ТРЕЈД ДОО Скопје, за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во износ од 202.919.610,00 денари без ДДВ, без услов за авансно плаќање, и го овластил тогашниот претседател Муамед Сејдини да потпише договор согласно прифатената понуда.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Истата одлука подоцна е потврдена и од Управниот одбор на ФФМ.
И покрај тоа, на 03.12.2024 година, Муамед Сејдини, злоупотребувајќи ја својата положба, потпишал договор со вметнат услов за авансно плаќање од 20%, кој не бил дел од прифатената понуда, при што авансот бил исплатен без обезбедена банкарска гаранција и без соодветно овластување.
Со ваквото постапување, Дисциплинската комисија утврди дека Муамед Сејдини го измамил и довел во заблуда Управниот одбор на ФФМ и нанел сериозна материјална штета на Федерацијата, поради што му е изречена соодветната дисциплинска санкција.