Дома Фудбал Тер Штеген заминува од Барселона – позната е неговата замена меѓу стативите

Тер Штеген заминува од Барселона – позната е неговата замена меѓу стативите

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона реши да ја активира откупната клаузула од 25 милиони евра за голманот Жоан Гарсија, кој настапуваше за Еспањол, пренесува угледниот новинар Фабрицио Романо.

Барселона планира официјално да ја исплати целосната сума во текот на наредната недела, по што Гарсија ќе биде и формално промовиран како ново засилување на клубот. Според најавите, тој ќе потпише петгодишен договор со „блауграна“ и ќе биде прв избор меѓу стативите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа промена значително ќе ја смени динамиката во голманската линија на тимот. Иако германскиот ветеран Марк-Андре Тер Штеген неодамна изјави дека сака да ја продолжи кариерата во Каталонија, доаѓањето на Гарсија најверојатно ќе го означи неговото заминување од „Камп Ноу“.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Касемиро како никој да не го сака – се јавил само еден клуб!

Зимскиот трансфер период за 2026 година веќе заврши, а клубовите се активно подготвуваат з…