
Натпреварот помеѓу уругвајските клубови Пејсанду Интериор и Соријано Капитал (1:0) се најде на светските медиуми, што веројатно не би било случај ако за време на него не беше снимен потег кој му припаѓа на боксерски ринг, а не на фудбалски терен. Марио Гонзалез е името на играчот кој стана познат на социјалните мрежи поради неговото насилничко однесување, а Енцо Ечевесте е името на неговата жртва, која се сруши на теренот од удар со десната рака. Сè се случи две минути пред крајот на натпреварот.
Во завржниот дел на натпреварот дојде до прекршок, а потоа и гужва на теренот. Гонзалез беше опкружен од неколку играчи, имаше и туркање, а Ечевесте пријде одзади и го фати за врат. Откако се извлече, Гонзалез се заврте и го удри Ечевесте во лице со тупаница, кој едноставно се сруши на теренот.
“СÈ ТОПКА”
— Tendencias en Deportes (@TendenciaDepor) February 23, 2025
Заради силниот удар што го зададе фудбалерот Марио Гонзалез на противнички играч на натпреварот Соријано Капитал против Пејсанду Интериор во Уругвај. Во моите книги, сè топка, каков фантастичен удар му зададе тој македончето.
pic.twitter.com/fyJNFXPLth
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
“Да заборавиме на сè што се случи. Сè е во ред, треба да се фокусираме на следниот натпревар и да го оставиме ова зад нас. Ви благодарам на сите за грижата и пораките. Добро сум”, рече Ечевесте по натпреварот.