Синоќа Милан беше елиминиран во Лигата на шампиони од Феенорд, а Тео Хернандес беше означен како главниот виновник за тоа.
Клучен потег на дефанзивецот на „росонерите“ беше кога заработи исклучување во второто полувреме во обид да изнуди пенал.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во тој момент Милан имаше водство и го контролираше натпреварот, па тоа излезе како клучен момент.
„Фудбалот е непредвидлив. Тој ни нуди голема радост, но и болни моменти. Чувствувам големо разочарување. Им се извинувам на моите соиграчи што ги оставив десеттмина на теренот. Им се извинувам на нашите навивачи кои секогаш не поддржуваат. Но, овој клуб се семејство и заедно ќе се опоравиме. Ќе останеме сите заедно, почнувајќи од мене“, јавно се извини Французинот.