Дома Останати Тенис Teшко е да се игра на Австралија Опен: Победи по голема борба па веднаш повраќаше 🎥

Teшко е да се игра на Австралија Опен: Победи по голема борба па веднаш повраќаше 🎥

Џек Драпер (22) го победи Маркос Жирона (30) во првото коло на Австралија Опен со 3:2 во сетови. Британецот кој е 55-ти играч во светот славеше по три часа и 20 минути игра против американскиот претставник кој е на 66-тата позиција на АТП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овој меч можеше да се види и колку се тешки условите на Австралија Опен. На крајот од мечот кога Драпер ја искористи втората меч топка истрча до мрежата и побрза да се поздрави со Жирона, а потоа повраќаше во корпата за отпадоци покрај клупата.

За Драпер тоа беше прва победа во меч со три добиени сета и тоа одигран на висока температура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…