Манчестер Јунајтед со победата против Њупорт се пласираше во петтата рунда од ФА Купот. Њупорт постигна два гола и се врати од негатива од 2:0 против премиерлигашот, но избраниците на Тен Хаг на крајот сепак дојдоа до победата. Во продолжение тимот од Лига 2 прими уште два гола за конечни 2:0.
Сепак, Тен Хаг отворено ги критикуваше Гарначо и Антони за ситуации во кои можеа да постигнат голови и според него требало да реагираат подобро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Гарначо на 2:0 ја погоди гредата, а десно од себе имаше двајца празни играчи за 3:0, а неколку шанси не искористи и Антони. Не смееме да си дозволуваме да го враќаме противникот кога не креирале ништо речиси цело полувреме.
На стартот на вториот дел со грешка ги вративме целосно во игра и моравме да почнеме нов меч. Момците одговорија добро и победија, но треба да имаме поголема контрола. “, изјави Тен Хаг.
Ќе потсетиме, овие денови во центарот на вниманието во Јунајтед е Маркус Рашфорд кој доби казна од 650.000 фунти поради пропуштањето на утрински тренинг поради излегување во ноќен клуб (ТУКА).