Дома Фудбал Тажна вест: Почина поранешен фудбалер на Реал Мадрид, играше со Роберто Карлос, Касиљас, Фиго…

Тажна вест: Почина поранешен фудбалер на Реал Мадрид, играше со Роберто Карлос, Касиљас, Фиго…

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хавиер Дорадо почина во четвртокот на 48 години, по долга болест.

Шпанецот беше дел од младинската академија на “Белите” од 1996 година, пред да биде промовиран во првиот тим три години подоцна, под водство на Висенте дел Боске.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


“Реал Мадрид изразува сочувство до семејството, соиграчите и сите што го сакаа и сите клубови на кои бил член”, објави Реал.

Поранешниот лев бек дебитираше за “кралскиот” клуб во 1999 година на натпреварот од Купот на кралот против Валенсија, а следната сезона го освои трофејот од Лигата на шампионите победувајќи ги токму “лилјаците”.

Сепак, во својата втора сезона Дорадо одигра само седум пати и доби 400 минути поради жестоката конкуренција со бразилската икона Роберто Карлос.

Тоа беше генерација на Реал во која играа уште и Икер Касиљас, Фернандо Јеро, Луиш Фиго, Гути, Раул Гонзалес, Стив Мекманаман, Кларенс Сидорф и Никола Анелка.>.

Неговиот следен дел од кариерата го одбележаа позајмици во Саламанка и Спортинг Хихон, пред трајно да го напушти Сантијаго Бернабеу по трансферот во Рајо Ваљекано.

Подоцна играше за Спортинг, Мајорка и Атлетико Балеарес, каде што се пензионираше во 2012 година.

Забележа и четири настапи за У21 репрезентацијата на Шпанија од 1998 до 2000 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mикел го „погоди“ Карагер каде што најмногу го боли: Зборуваше како се освојува Премиер лигата, а – никогаш не си ја освоил!

Во неделата, легендата на Ливерпул Џејми Карагер сугерираше дека Мохамед Салах е во непово…