Таткото на покојниот летонски кошаркар Јанис Тимa, Рајтис Тимa, остро зборуваше за бившата сопруга на неговиот син Ана Седокова, на чиј роденден се самоуби.
„Ништо не знам за неа. Прашајте ја за пеколот што го направи. Знам дека пеколот почна кога таа се замеша во нашите животи”, рече тренерот од Летонија.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Неговиот син, познатиот евролигашки кошаркар Јанис Тимa, си го одзеде животот во понеделникот, по разводот со украинската пејачка. Таткото на кошаркарот откри во вторникот дека тие двајца имале многу лош однос.
„Сѐ уште ништо не знам. Сакам да најдам некаков контакт, а не знам со кого можам да разговарам. Три години имавме конфликти и насекаде бев блокиран. Не можам одеднаш да влезам во историјата на тој однос. Односот беше ужасен“, рече Летонецот.