
Адмир Љатифи, талентираниот фудбалер од скопски Сарај, кариерата ќе ја продолжи во Хрватска, откако стави потпис на тригодишен договор со прволигашот Осијек.
Офанзивниот играч за врска, кој најчесто делува по левата страна, привлекува внимание со својата техничка подготвеност и преглед на играта, па не е изненадување што токму Осијек успеа да го обезбеди неговиот потпис.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Минатата сезона Љатифи настапуваше за Беса во домашното првенство, а фудбалската јавност го запозна и преку настапите во дресот на Македонија Ѓорче Петров. Со своите добри партии веќе се етаблира како еден од најперспективните млади играчи на македонската сцена.
Има настапи за младинските селекции на Македонија, а моментално е дел од репрезентацијата до 19 години, од каде се очекува да направи нов исчекор и на меѓународната сцена.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!