Дома Фудбал Талент кој ветува: Има само 17 години, а веќе чини 100 милиони евра

Талент кој ветува: Има само 17 години, а веќе чини 100 милиони евра

Родриго Мора е новиот талентиран 17-годишник, чие име би можело да стане многу популарно во иднина. Според фактот дека неговиот тим Порто веќе ја одреди клаузулата во договорот, дека ако замине од тимот, потенцијалните купувачи мораат да вложат 100 милиони евра за неговите услуги.

Мора е роден 2007 година, а оваа сезона блеска во Порто, каде што ги запиша првите сениорски минути на само 16 години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тој излезе од академијата на португалскиот гигант, а оваа сезона одигра 25 натпревари, на кои постигна шест голови и три асистенции.

Португалецот кој ветува игра на позицијата среден играч, а веќе многумина го поставија пред младите ѕвезди Флориан Вирц, Жоао Невес и Дезире Дуе, кога станува збор за сегашната сцена на млади играчи на таа позиција под 21 година.

Порто се осигура уште сега и вклучи клаузула од договорот на Мора, неверојатните 100 милиони евра, во случај да постојат потенцијални купувачи на португалското чудо од дете.

Порто по 29 одиграни натпревари во шампионатот на Португалија има 59 бодови и се наоѓа на четвртата позиција. Брага на третото место има еден бод повеќе, додека Спортинг и Бенфика имаат десет повеќе и ќе се борат во последните пет кола за титулата шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …