Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата. Англискиот репрезентативец освои најмногу гласови во трката со конкурентите и ова е еден вид утешна награда за „милионерите“ пред неговото заминување. Белингем се повреди пред последното коло и не играше во натпреварот во кој Борусија не победи против Мајнц и остана без титула. …