Дома Фудбал Белингем доби признание пред трансферот во Реал Мадрид

Белингем доби признание пред трансферот во Реал Мадрид

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата.

Англискиот репрезентативец освои најмногу гласови во трката со конкурентите и ова е еден вид утешна награда за „милионерите“ пред неговото заминување.

Белингем се повреди пред последното коло и не играше во натпреварот во кој Борусија не победи против Мајнц и остана без титула.

За Белингем ова беше веројатно последната сезона во германскиот гигант, според најавите се е договорено и од идната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…