Штипска Брегалница денес се помачи на домашен терен, но сепак успеа да го елиминира Пелистер во 1/8 финалето од Купот на Македонија. Моментот на одлука се случи во 63. минута кога блесна Ѓорѓи Ѓорѓиев и со ножички ја смести топката во мрежата на битолскиот состав. Дефинитивно најдобриот гол во осминафиналните средби во купот.