Италијанецот, Фабио Фоњини направи скандал на турнирот во Белград и изрази големо незадоволство во мечот против Роман Сафиули. Во вториот сет Фоњини беше ввидно вознемирен поради лошата игра и прво пцуеше, а потоа и го шутираше рекетот. Тоа доведе до опомена од српската судијка, Маријана Вељовиќ. Поради реакциите таа му одзема поен, а тоа предизвика уште поголем бес кај Италијанецот. …