Голманот на Њукасл, Ник Поуп ќе отсуствува од терените 4-5 месеци пренесува „Телеграф“. 31-годишниот голман го повреди рамото во дербито против Манчестер Јунајтед во саботата. На тој натпревар Њукасл славеше победа од 1:0. Поуп не го доврши натпреварот и мораше предвреме да биде заменет. На негово место во наредниот период на голот ќе биде Мартин Дубравка кој е втор голман. …