Голманот на турскиот гигант, Галатасарај, Фернандо Муслера ги загуби нервите во квалификациите од Лигата на шампионите и заработи црвен картон откако шутна противник. Се играше 88. минута кога по голот на Алан Врижинус, Муслера го шутна противничкиот фудбалер. Муслера веројатно не можеше да се помири дека неговата екипа е пред пораз и заслужено беше испратен предвреме во соблекувалната.