Познатиот српски судија Милорад Мажиќ (47) одлучи да ја заврши кариерата. Како што тврдат српските медиуми 47 годишниот Мажиќ изненадувачки одлучил да ја заврши професионалната кариера и да се посвети на други ангажмани. Тој одлучил да ја прифати понудата од Фудбалскиот сојуз на Кипар. Во оваа земја тој ќе биде главен во судиската организација и потпиша договор на две години. …