Фудбалските репрезентации на Хрватска и Франција во неделата во Москва ќе се борат за титулта светски првак.
Националните тимови на овие земји покажаа најмногу и сосема заслужено една од овие селекции ќе го понесат насловот најдобри на светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина се веројатно прашуваат кој ќе го суди големото финале во Москва. Главен кандидат за судија во финалето беше Србинот Милорад Мажиќ, но со пласманот во финалето на Хрватска, тој практично остана без шанса.
ФИФА не практикува вака важни натпревари да суди судија од исто говорно подрачје, па финалето веројатно ќе му се додели на судијата Алиреза Фагани од Иран.
Овој судија судеше три натпревари на Мундијалот и подели вкупно 15 жолти картони. На Французите им го судеше натпреварот во осминафиналето против Аргентина и во тој натпревар додели осум картони.
Покрај овој натпревар ги судеше и натпреварите од групната фаза Србија – Бразил и Германија – Мексико.
Од друга страна, најдобриот европски судија Мажиќ веројатно ќе го суди натпреварот за третото место помеѓу Белгија и Англија.