Вејн Руни синоќа го одигра последниот натпревар за репрезентацијата на Англија и доби овации од фановите на „Вембли“. За 33-годишниот напаѓач ова беше 120-от натпревар во репрезентативниот дрес и го зазема второто место на вечната листа, а пред него е само легендарниот Питер Шилтон со 125 одиграни меча. „Им благодарам на фановите за поддршката денес и сите овие години, благодарам. …