Лирнер Тиен направи сензација во второто коло на Австралија Опен, исфрлајќи го Даниил Медведев од првиот гренд слем во сезоната. 19-годишникот од Соединетите Американски Држави, по речиси пет часа тенис, го совлада петтиот на светот со 3:2 во сетови (6:3; 7:6, 6:7, 1:6; 7:6). Првите два сета сензационално му припаднаа на 121. тенисер во светот, по што се врати Русинот. …