Дома Фудбал Вилијан повторно ќе игра во Премиерлигата?

Вилијан повторно ќе игра во Премиерлигата?

Поранешниот ас на Челси, Арсенал и Фулам – Вилијан, би можел повторно да игра во Премиер Лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што откри познатиот Пол Џојс, неговите агенти му го понудија Вилијан на Дејвид Мојс!

Повратникот на „Гудисон парк“ бара засилувања во зимскиот преоден рок за да го обезбеди останувањето во Премиерлигата, а Вилијан е една од опциите.

Бразилецот е слободен од овој јануари откако го раскина договорот со грчкиот тим Олимпијакос и сега е во потрага по нов клуб. 

Тој има 36 години и јасно е дека е близу до пензионирање од фудбалот, па останува да видиме дали Мојс ќе посака да го доведе во ротација до крајот на сезоната. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…