Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезентативец потпиша договор со “бијанконерите” до 30 јуни 2030 година. Според информации во италијанските медиуми, поранешната ѕвезда на Лил ќе добива годишна плата од 6 милиони евра. Дејвид го носеше дресот на “песовите” од 2020 година. Неговиот договор со францускиот клуб истече на 1 јули и тој стана слободен агент. …