Македонските кикбоксери го стартуваа Европкото јуниорско првенство, а во својата борба доминантна победа извојува, Андријано Димишковски. Димишковски за противник го имаше босанскиот натпреварувач Немања Глигорич кој немаше шанси против македонскиот натпреварувач. Вчера настапи и Калин Бабовски кој загуби во борбата со Карагач Хусеин од Турција.